Маркови Кули
Маркови кули Во отоманскиот период се забележува присуство на воена посада на ридот, додека градот се развива доминантно во делот на денешен Варош. Утврдувањето и градот се ширел во неколку зони и обѕидувања, со моќни кули најчесто во квадратна и правоаголна форма, но не се ректи ниту кружните или полукружните кули. Тврдините Маркови Кули се симбол на градот Прилеп. Градени се за време на моќните македонски кралеви a нивниот доминантен одбранбен систем ги прави единствени на Балканот. Името го добиле по последниот крал, најпознатиот и во народното епско творештво опеаниот Крал Марко, заштитникот на обеспра- вените и угнетените, кој владеел до 1395 година. Марковите кули се една од петте најголеми тврдини на Балканот. На падините на Маркови Кули непосредно над Варош се наоѓа прекрасното ремек дело на природата петроглифот „Слон“. Марковите кули во Прилеп имаат потреба од државно внимание, со сериозен пристап и инвестиција која ќе ги направи промените набрзо видливи, со цел е...