Саат кула
Прилепската саат кула
Саат кулата во Прилеп претставува споменик на културата. Градена е во периодот 1825/6 година. Подигната од Саид Ага, висока околу 40 м, заедно со столбовите и конусот на врвот достига до 55 м.Интересен податок за Саат кулата во Прилеп е тоа што таа има инклинација од 114,4 см.Реновирана во 1836/7 и 1896/7 година, а во меѓувреме бил поставен часовник во 1858 година. Градители на денешната Саат кула се мајсторите Петре Лауцо и неговата тајфа, кои новата кула ја подигнале на местото на старата (дрвена) која изгорела во пожар 1854 година.
Во долниот дел, на спротивнатастрана од влезот, има чешма. Над влезната врата има натпис со арапски букви на кој пишува:
| „ | Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах..." |
Comments
Post a Comment