Прилепската Чаршија

 прилепската стара чаршија

Историјата на старата чаршија во Прилеп:

Чаршијата во Прилеп се развила уште од создавањето на самиот град , но во тоа време наместо чаршија била наречена Прилепски пазар на тој пазар луѓето вршеле трговија на стока и прехранбени производи. Исто така голема значајност во прилепскиот пазар имале бакалниците од кои селаните се опремувале за подолг период со храна и други потребни материјали. Старата чаршија е урбанистички комплекс, којшто својот најголем подем го има во вторта половина на осумнаесеетот век и почетокот на деветнаесеетиот век кога во тој период Прилеп бил многу развиен како трговски и занаетчиски град.

Во втората половина на деветнаесеетиот век, по серијта пожари која ја зафатиле старата чаршија во Прилеп во 1854,1866 и 1873 година економската и трговскта моќ на страта чаршија опаднала. Денешниот изглед старата чаршија го добила во втората половина на деветнаесеетиот век а комплексните проблеми, кои го исполнуваат оштественото живеење во овај период , исполнет со кризни состојби на сите нивоа од општествените структури, предизвикале девалвирање на ететските и финкционалните специфики на чаршијата.

Дуќаните во страта чаршија биле со посебен стил изградени кои даваат посебен дух и шарм на просторот. И покрај тоа што се создала старата чаршија, пазарите не го изгубиле својот афинитет покрај големиот број на дуќани кој биле под сопственост на прилепските еснафи и пазарот бил активен , дуќаните си биле дуќани но пазарот останал за век и векови, затоа што по тој пазар биле познати прилепчаните.


Comments

Popular posts from this blog

Саат кула

Маркови Кули